Вртоглавица, варирање на крвниот притисок и промена на расположението се само дел од последиците по здравјето од променливите временски услови. Овој период кога во едно деноноќие се менуваат три годишни времиња, дури за 20 проценти е зголемен бројот на повици во скопската брза помош.
-Најчесто е зголемување на крвниот притисок, оние кои имаат срцеви заболувања ги чуствуваат овие промени и им предизвикуваат здравствени проблеми, а ги чувствуваат и здравите со промена на расположение, поспаност, вели др. Весна Неделковска од Брза Помош – Скопје
За да ги намалат последиците од температурните шокови, лекарите со совет до граѓаните повеќе да излегуваат во природа. Исто така, апелираат до оние кои патуваат да бидат внимателни со земањето на лекови.
-Кога се оди на пат да внимаваат како возат. Ако се поспани да не седат зад волат, да не пијат антихистамини кога одат на подолги патувања, вели др. Неделковска.
Кога е топло доаѓа до ширење на крвните садови и со тоа се зголемува можноста од срцев удар. Уште полошо е кога температурите опаѓаат. Чуствителноста на временските услови според лекарите може да стане најчеста болест на модерното општество