Во изминатото деноноќие се случи трагична и неверојатна работа, човечки живот се изгуби поради невнимание, немање желба, идеја и обврска да се помогне на граѓаните кои имаат потреба од здравствена помош. Иако тој наш сограѓанин исто како и секој од нас плаќа и плаќал редовно здравствено осигурување, во моментите кога имал потреба од медицинска интервенција, немало кој да дојде, не сакале да дојдат, барале упат, барале пари за превоз, едноставно тоа што се лиферува по медиумите дека сме подготвени и спремни за секакви неприлики и дека медицинскиот персонал е во служба на граѓаните, не е воопшто точно, ( тука мора да се потенцира секоја чест на исклучоците, меѓутоа поголемиот дел едноставно според тоа што ќе го прочитате подолу не се за тоа да го работат). – Вриеше од коментари и реакции по социјалните мрежи во текот на денешниот ден по објавениот пост.

На социјалните мрежи се обелодени случај кој го посочи еден наш граѓанин, каде во текот на вчерашниот ден до утринските часови се одвивала драма во домот на дотичната личност, на крајот човекот кој имал потреба од помош не ја добил навреме и уште еден човечки живот е изгубен. Дали вреди и колку човечкиот живот за Венко Филипче? Која е цената на нашите животи во моментот? –  прашуваат граѓаните, бидејќи никој не води евиденција за да помогне во моменти на итност!

 

Иако Македонија периодов се соочува со еден многу сериозен проблем наречен епидемија на Ковид-19, иако власта и министерот не убедуваат секојдневно на прес конфереции дека состојбата е под контрола, иако пред неполна година министерот Филипче со неговите анализи не убедуваше дека на 50.000 илјади граѓани е доволно едно возило на Итна Медицинска Помош, тоа не е така во реланоста.

Состојбата во нашето здравство никогаш претходно не била волку хаотична, никогаш претходно ИМП не прашувала и не барала податоци до трето колено за да дојде и да прегледа човек, едноставно се помагало, сега посебно во овие моменти кога треба да има состојба на алармантност по сите здравствени институции и само доколку има дојава дека некој се сомнева за тоа дека е заразен или дека има некакви здравствени проблеми ИМП треба веднаш да биде на терен и да реагира не како во ситуацијата со дотичниот наш сосед, пријател, роднина, татко, братучед, брат, сопруг, да биде така грубо отфрлен од страна на лицата во ИМП и да се случи тоа што се случи, изгубивме уште еден вреден човечки живот.

Ние како редакција само ви ги пренесуваме размислувањата на граѓаните, нивната загриженост и состојбите и ситуациите на терен, што во моментот се случуваат во дел македонските домови, ова е ваква втора објавена ситуација на која наидовме на социјалните мрежи во изминатата недела.

Инаку додека власта прогласува полициски час и министерот за тендери и смрт не убедува секојдневно на прес конференции дека се е во ред, нема простор за паника имаме капацитети и персонал за да излеземе во пресрет на секого истите тие лица не сакаат да помогнат никому, потребни им се 14 дена да склопат импровизирана болница пред инфективната клиника во Скопје, истите тие лица кога ќе им се постави прашање на прес конференција што не им одговара, не даваат одговор, истите тие лица кога светот пати и е на колена од пандемија со Ковид-19 слават што сме влезени во НАТО и истите тие лица на медицинскиот персонал не му оебзбедуваат скафандери, маски, ракавици и основен прибор за работа да може да се бори против наездата на вирусот Ковид-19. – посочуваат изреволтирано група граѓани на твитер

Дали вредат овие личности да им веруваме, да се потпираме на нив дека ќе ги средат работите и дека со нивна помош ќе го победиме Ковид-19? Дали овие лица заслужуваат и понатаму да се грижат за граѓаните на Македонија и тие да одлучуваат што е најдобро за нивното здравје? – Дали, прашуваат граѓаните.

Прочитајте го постот на оваа наша сограѓанка и вие одлучете дали се одговара на секој повик, дали се помага на секого во услови на пандемија и колку во моментот во Македонија вреди човечкиот живот додека вие, г-не Филипче сте на чело на здравствениот систем? – препорачуваат граѓаните, се обраќаат до министерот, сугерираат членовите на социјалните мрежи и наголемо ја споделуваат информацијата по разни групи за немилиот настан што се случи во изминативе 24-часа,  бидејќи ова е се само не е помош во состојба на потреба. – се исто така дел од коментарите на кои наидовме.

Оставка веднаш на министерот, напуштање на позицијата и под итно се потребни промени за да се обнови здравствениот систем на Македонија, вака само тонеме во неповрат. – реагираат и пациентите и болните преку социјалните мрежи