Во последните 24 часа во Италија од коронавирусот умреле нови 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5 476, соопштија италијанските здравствени власти.
Во Италија од Ковид-19 се заболени 59 138 лица односно бројот на новозаболени порасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста еруптираше на 21 февруари, пренесоа британските медиуми.
Од вкупниот број на заразени од вирусот досега заздравеле 7 024 лица, а на интензивна нега се наоѓаат уште 3 009 лица.
Најпогоден е регионот Ломбардија, каде се регистрирани 3 456 смртни случаи и 27 206 заразени лица.