Родители донеле мртво бебе во поликлиника „Ченто“, информира МВР.
-Синоќа во 01:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиника „Ченто“, 39-годишниот Г.Ѓ. и 34-годишната А.Ѓ. од село Идризово, скопско, го донеле починато нивното бебе, родено на 11.01.2020 година. Од дежурен лекар во Поликлиниката е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција – соопшти полицијата.