Во која мера и колку се грижи министерот и министерството за здравство за своите колеги и медицинскиот персонал, дали ги има во доволен број дали се намалува бројката, зошто, која е причината и дали има решение како да се спречи, се прашуваат пациентите, граѓаните.
Во моментот медицинските сестри се кадар од кој Македонија има потреба. Но, во желбата за професионален развој и повисоки примања, се поголем е бројот на оние кои се одлучуваат да извадат билет во еден правец. Ситуацијата во оваа професија е многу тешка. Се бараат подобри услови за работа и покачување на плата, но одговорните немаат слух за овој кадар за оваа фела на стручни работници од кои во моментот државата има најголема потреба, а во иднина може дури да бидат и дефицитарни.
Меѓу оние фели чиишто кадри особено се „ситнат“ е докторската, покажа регионалното истражување за миграција на здравствениот персонал во Македонија, Албанија, Србија и Косово спроведено од „Хелтгрупер“ во 2016 година.
Македонија се соочува со т.н. „бела чума“, незпирливо и во загрижувачки размери. Економистите предупредуваат дека доминантна категорија на оние што заминуваат се невработените млади што може негативно да влијае врз вкупната состојба на пазарот на трудот.
Колку му е во интерес на министерот Филипче да превземе нешто или ова е само уште едно сценарио и смислена однапред престава за македонските пациенти, останува да видиме. Во меѓувреме македонскиот пациент ќе се прашува дали ќе има утре кој да рече влези и да го слушне неговиот проблем од медицинска природа кога во некоја болница ќе тропне на врата?