Иако дополнителното грицкање за време на процесот на слабеење се смета за непожелно, тоа всушност може да биде корисно за потиснување на чувството на глад доколку се консумира одредена храна.
Фитнес тренерот Џерард Хол сподели кои три закуски ги смета за најдобри во процесот на слабеење.
„Едно нешто што е заедничко за повеќето луѓе со прекумерна тежина е тоа што јадат постојано во текот на денот“, рече тој.
Сепак, за оние што „мораат да грицкаат“ во текот на денот, тој им препорачува да јадат тврдо варени јајца.
„Доколку ви е тешко да го контролирате гладот, секогаш чувајте неколку тврдо варени јајца во фрижидер. Секогаш кога ќе огладнете и не е време за оброк, само земете едно или две јајца и јадете ги само белките. Белките едвај имаат калории, а ќе ве заситат“, рече тој.
За оние што не сакаат тврдо варени јајца, Хол предложи да пробаат здрави млечни производи, како урда.
„Ова е одлична ужина за јадење пред спиење, бидејќи има малку јаглехидрати и обезбедува казеин протеин, кој го одржува чувството на ситост подолго време“.
Покрај тоа, тренерот Хол препорачува задоволувачка ужина, а тоа е путер од кикиритки. Меѓутоа, бидејќи е калоричен, не треба да јадете повеќе од 3 лажици од овој путер.
Генерално, британската Национална здравствена служба препорачува зголемен внес на овошје и зеленчук, како и поголеми порции компири, ориз и тестенини за борба против гладот. Дефинитивно не треба да заборавите да ги добивате вашите протеини од грав, риба, јајца и месо и да ја добиете вашата доза на млечни производи или нивни алтернативи.