Дополнителниот министер за земјоделие Цветан Трипуновски денеска оствари средба со директорот на АХВ Зоран Атанасов со кого меѓу другото разговараше и за проблемот со бездомните кучиња.
-Укажав и на проблемот со бездомните кучиња, особено проблемот со бездомните кучиња на територија на град Скопје, каде е најголемиот проблем.
Град Скопје сега нема прифаталиште за бездомни кучиња и проблемите се чувствуваат, не поминува ден, а да нема нападнати граѓани, ниту пак има институција која ги заловува кучињата скитници со цел нивна кастрација и вакцинација.
Проблемот со кучињата скитници е огромен. Преку 6000 кучиња скитници во Скопје се по улиците, а немаме воопшто прифатилиште кое што ќе работи за нивно згрижување и третман.
СДСМ вети дека ќе го реши проблемот со бездомните кучиња, а веќе 2 години е без прифатилиште и без воспоставен систем на контрола и грижа на популацијата на бездомни кучиња, напиша на Фејсбук дополнителниот заменик министер во МЗШВ, Цветан Трипуновски.
Грижата на граѓаните и понатаму останува. Кучињата скитници и натаму слободно шетаат по улиците и само прашање на време е кога повторно некое ќе биде насилно и ќе нападне дете или возрасен. Сведоци сме на голем број случаи во кои куче скитник нападнало деца во парк или пак некој возрасен во некои од уличките по скопските населби. Последиците се сериозни, на загризите им треба клинички пристап, вакцините против беснило се задолжителни во тој момент, а психичкиот стрес и да не го споменуваме, ја објаснуваат жителите на Скопје реалната состојба на терен.