Според мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот денеска до 17:00 часот најзагаден град е Струмица, со измерени над 257 ПМ 10 честички на метар кубен или над 5 пати повеќе од дозволеното ниво. Веднаш по Струмица висока концентрација на загаденост во воздухот е измерена и на мерната станица кај Ректорат со 214 ПМ 10 честички, како и градот Тетово со 181 ПМ 10 честички на метар кубен.
Вчера граѓанските активисти за почист воздух од Струмица излегоа на протест на плоштадот и побараа итно превземање на итни мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица која во изминатите денови постојано е над дозволената граница. Од страна ан револтираните граѓани беше побарано од локалните власт да се врши 24 -часовна контрола на индустриските капацитети за кои сметаат дека во ноќните часови го согоруваат отпадниот материјал.
 

Во градовите нема никакви предупредувања или пак загриженост од страна на општинските власти.