Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објавува дека инсулин со рок на важење до јуни 2020 година во вредност од 1,5 милион евра бил уништен на 5. декември.
Се работи како што велат за неофицијални информации добиени од луѓе кои работат во надлежните институции.
– Дали на повидок е нов скандал со уништување на корисен инсулин во кој се вклучени Министерството за здравство, министерот Филиплче, Агенцијата за лекови и други институции? Според нашите информации на 5. декември 1 тон и 200 кг инсулин во вредност од 1,5 милион евра, а со валиден рок до јуни наредната година бил уништен. Дали причината е нов тендер кој ќе обезбеди заработка на луѓе блиски на власта и кој ќе ја понесе одговорноста за ваквата штета?, праша Марија Андоновска од Комсиијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.