Од Управата за хидрометереолошки работи најавуваат дека денес во попладневните и ноќните часови, како и утре времето ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер (над 60 км/час) и услови за појава на град. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 25 до 34 степени, а најниските од 11 до 18 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 32 степени, а нјатопло ќе биде во јужниот дел на Македонија со температура до 34 степени.