Исхраната богата со масти, шеќери и сол може значајно да влијае на промените во организмот. Се додава и дека храната која се консумира е се повеќе загадена и хемиски обработувана, што директно влијае на плодноста.
Докторот Раџ Матур, секретар на Британското здружение за плодност, кој не учествуваше во ова истражување, вели дека резултатите се корисни за „клиничките експерти и за жените кои сакаат да останат трудни“.
„Истражувањето, во широка смиска, покажа дека храната и навики во исхраната влијаат на плодноста“, изјави Матур.
Главната порака од истражувањето, во кое учествуваа 5.600 жени на старост од 18 до 43 години од Австралија, Нов Зеланд, Британија и Ирска, е дека обработената храна е всушност многу лоша, а свежото овошје и зеленчук директно ја подобруваат плодноста.
Повеќе овошје, помалку брза храна
Паровите се сметаат за неплодни кога жената нема да успее да остане трудна во рок од една година од првиот обид, стои во истражувањето. Иако сите жени кои учествуваа во истражувањето беа трудници, осум отсто беа во категоријата неплодни, бидејќи им било потребно повеќе време за да останат трудни.
Количината на храната влијае на времето потребно жената да остане трудна.
Се покажа и дека оние кои јадат овошје три или повеќе пати на ден, остануваат трудни три месеци пред оние жени кои јадат овошје само неколку пати во месецот.
Утврдено е и тоа дека жените кои често јадат брза храна, како хамбургери, пици, чипс и слично, остануваат трудни просечно еден месец подоцна, во однос на жените кои никогаш не јадат брза храна.
Токму поради тоа,научниците им советуваат на жените кои имаат проблеми со плодноста, во својата исхрана да вметнат здрави продукти, односно зеленчук, овошје, ореви, здрави маснотии, млеко и млечни производи.