Во Албанија во последното деноноќие регистрирани се 15 новозаразени со Ковид-19, оздравени се девет лица, а не се регистирани смртни случаи.
– Во последните 24 часа тестирани се 259 сомнителни случаи, при што дијагностицирани се 15 лица или за 14 случаи помалку споредено со вчера. Од почетокот на март до сега тестирани се 6 768 сомнителни случаи, од кои 678 биле позитивни, односно околу 10 отсто од вкупниот број тестирани случаи, изјави Еугена Томини, од Институтот за јавно здравје.
Додаде дека во текот на последното деноноќие на списокот на оздравени се додадени уште девет пациенти, со што бројот на оздравени се зголемил на 394 лица.
Томини наведе дека продолжува трендот на оздравени пациенти и нивиот број изнесува 257 лица или 41,9 отсто од вкупниот број на инфицирани. Од последици од новиот коронавирус, пак, починале вкупно 27 луѓе.
Таа посочи дека во Инфективната клиника и болницата „Шефќет Ндроќи“ на лекување се 38 лица или четворица пациенти повеќе споредено со вчера. Од нив осум се на интензивна терапија од кои четворица во тешка состојба.