Во Франција за само 24 часа 800 нови случаи на коронавирус и вртоглава бројка на починати лица

Европа е „епицентарот“ на пандемијата на коронавирусот, според СЗО. Во Франција, само за 24 часа има 800 нови случаи на заболени, јави дописникот на МИА. Иако земјата започна да ги…

Европа е „епицентарот“ на пандемијата на коронавирусот, според СЗО. Во Франција, само за 24 часа има 800 нови случаи на заболени, јави дописникот на МИА.

Иако земјата започна да ги заоструваат рестриктивните мерки, сега има 3.661 потврдени пациенти со Ковид-19, од кои 154 се во сериозна состојба, а од јануари досега починале 79 лица. Според експертите, ритамот на заразувањето со вирусот, речиси е идентичен со тој во Италија, единствена разлика е што во Франција тоа се случува со задоцнување од девет дена.

Од денеска во Франција се забранети сите собири на повеќе од 100 лица.


Related Articles