Германија се соочува со втор бран на Ковид-19. Доколку сега не се преземат мерки, за два месеци Германија ќе има нови проблеми со новиот коронавирус. Кристијан Дростен, главен германски виролог стравува дека по избувнувањето на ново жариште во Северна Рајна-Вестфалија ќе има незабележано ширење на вирусот.
Тој додава дека постојат повеќе места, вклучувајќи го и Берлин, каде постојат јасни индикации дека се враќа Ковид-19.
-Не сум оптимистичен дека ќе имаме уште една мирна епидемиолошка ситуација по еден месец, изјави Дростен.
Германското население, додава тој мора да разбере дека здравствените власти имаат потреба од поддршка и консензус.