Во Грција досега се потврдени 119 случаи на вирусот Западен Нил, од кои 19 се во изминатата седмица, а починаа вкупно 15 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Сите случаи се во северниот и централниот дел на земјата.
Првиот случај на вирусот Западен Нил за 2023 година во Грција беше регистриран во средината на јули, а вирусот беше присутен во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до 2022 година.
Најголем број случаи на Западен Нил имало во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок бил и бројот на починати лица вкупно 51. Лани, во Грција биле регистрирани 286 случаи, а од Западен Нил починале 33 лица.