Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број починати од Ковид-19 и хоспитализирани лица со коронавирус, информираа грчките медиуми.
Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3.493 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера.
Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун.