Во Хрватска денеска повторно е регистриран црн рекорд со 358 новозаразени лица со коронавирусот, објави Националниот штаб на прес-конференција.
– Имаме 358 нови случаи. Активни се 2 352. Имаме вкупно 8 899 позитивни случаи. Добрата вест е што во изминатите 24 часа немаме нови случаи на починати лица, рече министерот за здравство Вили Берош.
Тој додаде дека добиле нов предлог за мерки за неколку жаришта во Сплитско-Далматинската жупанија, два домови за стари лица, како и натпревари на кои не се почитуваат мерките.