Во изминативе 24 часа регистрирани се 202 нови заболени и 2 починати лица од Ковид-19

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 117,…

Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.285 тестови, а регистрирани се 202 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 117, Битола – 24, Кавадарци – 15, Прилеп – 10, Куманово – 6, Охрид – 4, Тетово, Струмица, Ресен и Делчево – по 3, Велес, Штип и Кичево – по 2, Гостивар, Кочани, Неготино, Свети Николе, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (202), регистрирани се 35 реинфекции.

Регистрирани сe 201 оздравен пациент од: Скопје – 133, Битола – 22, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 7, Струмица – 6, Тетово – 4, Кочани – 3, Кичево и Делчево – по 2, Струга, Ресен, Кратово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица, по едно починато лице од Скопје (79г) и едно починато лице од Охрид (90г), двете лица се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (2) , кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.976.805 тестирања на КОВИД-19. купната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.344, бројот на оздравени пациенти е 296.574, на починати е 9.236, а бројот на активни случаи изнесува 1.534


Related Articles