Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 80 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 10 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 5 пациенти, во Прилеп 4, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 126 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.