Во длабока кома со канила за дишење, родилка од Скопје наместо на КАРИЛ заврши на геријатрија. Триесет и седумгодишната Анета Симоновска минатиот месец се породила на скопска гинекологија. Породувањето минало добро, а на свет донела здраво машко дете, петто во семејството Симоновски. Дента кога требала да замине дома, почнал вистински пекол. Пет дена по породувањето Анета паднала во кома, срцето откажало и таа била сместена во шок соба. Сопругот во неверување, се сомнева дека се работи за лекарска грешка оти како што вели сопругата била здрава кога заминала на породување.
Од вчера, Симоновски денот го минува пред Геронтолошкиот завод во населбата Ѓорче Петров. Вели, тука нема услови за згрижување на вакви пациенти. Со солзи во очите прашува дали државата веќе се откажала од неговата сопруга, оти како што вели ова е последната станица. Дополнителен проблем му се финансиите, не работи, а веќе му побарале да плати за негата во Домот за стари лица.
Од управата на Геронтолошкиот завод потврдија – родилката била сместена на одделот за интензивна нега. Велат самостојно дише без вештачка вентилација. а доколку состојбата и се влоши ќе биде веднаш префрлена на клиниката за реанимација. Додаваат дека средствата за нејзино лекување ќе биле покриени преку Министерството за труд и социјална политика.
Случајот со родилката го потврдија и на Клиниката за гинекологија. Информираат дека пациентката имала и претходни здравствени проблеми, висок притисок, астма и срцеви заболувања.
„Сопругот на пациентката со ставање на потпис се согласи таа да биде хоспитализирана таму, а во меѓувреме, по телефонска консултација со, претпоставуваме, адвокат, го искина документот на кој претходно своерачно даде дозвола за тоа“, соопштуваат од ГАК.
Семејството за случајот консултирале адвокат и велат оти правдата ќе ја бараат на суд. Додека министерот Филипче остава под негово водење на институциите и клиниките да се случуваат вакви работи, македонските пациенти не само што стравуваат туку и се плашат да се појават на лекар.
Ако министерот мисли дека така ќе го намали бројот на болни во државата погрешна му е тактиката. Ваквите работи и ситуации каде човечкиот живот вреди 5 пари македонските граѓани гледаат само за време на министерувањето на Филипче, министерот (смрт) како го нарекоа пациентите кои ги сретнавме во клиничкиот центар мајка тереза. До кога нашите животи нема ТЕБЕ НИШТО ДА ТИ ЗНАЧАТ? – прашуваат македонските пациенти со кои разговаравме.