Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола и Прилеп – по 23, Кавадарци – 22, Куманово – 16, Охрид – 15, Штип – 9, Струмица – 8, Велес – 7, Тетово – 6, Делчево и Валандово – по 5, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 4, Кочани, Струга , Гевгелија и Неготино – по 3, Радовиш, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Крушево – по 2, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Виница, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 376 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 34, Прилеп – 31, Кавадарци – 22, Кочани – 18, Велес – 16, Крива Паланка – 14, Куманово, Штип и Берово – по 12, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Тетово и Струмица – по 7, Делчево – 6, Кичево, Кратово и Богданци – по 5, Виница и Пробиштип – по 4, Охрид, Валандово и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Радовиш, Демир Хисар и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 4 починати лица од Скопје (42г, 54г, 64г и 80г), по 2 починати лица од Битола (33г и 86г), Штип (62г и 78г) и Кочани (55г и 82г) по едно починато лице од Прилеп (74г), Охрид (86г), Велес (80г),Крива Паланка (77г), Богданци (58г) и Демир Хисар (83г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 30.11.2021. Починатото лице е од Кавадарци, на возраст од 63г, невакцинирано и починато во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.476.534 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 216.328, бројот на оздравени пациенти е 200.669, на починати е 7.609, а бројот на активни случаи изнесува 8.050.