Во последниве 24 часа регистрирани се нови 320 заразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19. Случаите по…

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.366 тестирања, а регистрирани се 320 нови случаи на КОВИД-19. Случаите по градови се следни: Скопје – 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 214 оздравени пациенти од: Скопје – 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, Струга и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г), и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година. Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а бројот на активни случаи изнесува 5.273.


Related Articles