Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.661 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Скопје – 43, Битола – 19, Прилеп – 4, Тетово, Кавадарци и Кичево – по 3, Берово и Куманово – по 2, Гостивар, Охрид, Гевгелија, Кочани, Неготино и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирано е едно починато лице од Охрид (78г), починато во болнички услови. Починато на ден 02.05.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.025.083 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.925, бројот на оздравени пациенти е 300.021, на починати е 9.283, а бројот на активни случаи изнесува 621.