Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспектора утринава упаднале во еден скопски хотел каде што граѓани биле повикани на бесплатен здравствен преглед, од како што им било соопштено, Светската здравствена организација. Кога влегле инспекторите во хотелот увиделе дека се случувала презенатација на фирма од Белград која промовирала апарат за квантна медицина, а после тоа требало да следува и бесплатен здравствен преглед на апаратот.
“Нашите инспектори влегоа во моментот додека се вршела презентацијата и не го затекнале моментот кога требало да се врши преглед. По прегледите пацинетите добивале белешки за нивната здравствена состојба. Во тек е земање на податоци и прекинати се “обуките“ по интервенција на ДСЗИ“, посочи Ирина Бухова директорка на ДСЗИ.
Од каде се добивани здравствените состојби на луѓето кои биле повикувани, какви проблеми имале со што се соочувале и како луѓето што им се јавувале знаеле за нивната здравствена состојба се прашања кои ги мачат граѓаните на кои им се јавувале по телефон и ги канеле на оваа презентација.
Директорката Бухова тврди дека здравствени прегледи не смеат да се вршат во хотел и тоа на пациенти кои биле повикувани по телефон. Особено е важно да се утврди од каде ги добиле податоците за пациентите и нивната здравствена состојба.
Од фирмата тврделе податоците на граѓаните ги добиле од базата на податоци од други фирми кои ги имале евидентирано граѓаните кои порачувале разни кремови и други производи. Но, дел од повиканите тврделе дека никогаш не порачувале ништо.
„Квантната медицина влегува во делот на комплементрната медицина но за тоа треба дозвола од Министерството за здравство и постојат стандарди кои треба да бидат исполнети.
Нема сознанија дали ќе биде покрената и пријава за лажно преставување и манипулација на граѓаните со што се злоупотребува и компромитира Светската здравствена организација. Не се знае дали и полицијата ќе го превземе случајот во свои раце и дали станува збор за иста фирма која често врши презентација и на други производи, при тоа нудејќи им ручек на луѓето, за да купат некои од тие производи.