Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа направени се 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје – 32, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 725 240 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152 747, бројката на оздравени пациенти е 133 871, на починати е 4 961, а бројот на активни случаи изнесува 13 915.
Според епидемиолошки анализи, најмногу активни случаи има во: Скопје-6373, Куманово-990, Битола-867, Прилеп-626, Тетово-531, Велес-474, Струмица-470, Охрид-455, Кавадарци-365, Штип-331, Гостивар-330, Кичево-249, Гевгелија-214, Ресен-189, Неготино-184, Кочани-183, Струга-155, Виница-129 и Свети Николе-108.