Експертите велат дека дневно морате да консумирате 2 литра течности за да бидете здрави и хидратирани. Но, истите сега предупредуваат да бидете внимателни поради една состојка што се наоѓа во водата во шише која може да го наруши вашето здравје.

  • Тоа е честичката микропластика

Неодамнешни истражувања на водата во шишињата на пазарот откриле пластична контаминација во 30 од 50 шишиња кои се тестирани, а се наоѓа дури и во водата што се продава во стаклени шишиња. Некои од пронајдените пластични материјали содржат вискозни влакна и полиетилен.

Во слична студија направена од истражувачи од универзитетот во Њујорк биле тестирани 259 шишиња од најпопуларните светски брендови кои продаваат вода, вклучувајќи ги и Evian, San Pellegrino, Dasani, Nestle Pure Life и AquaÒn.

Водата што ја тестирале имала просечно 325 парчиња микропластика по литар, а во повеќе од 10 парчиња со големина преку 100 микрони. Севкупно, 93% од тестираните шишиња содржеле некој вид микропластичен Водатаво шише содржи микропластични честички, вклучувајќи и полистирен, најлон, ПЕТ и полипропилен.

Во оваа студија, најзагадениот бренд бил Nestle Pure Life. Во истата студија било откриено дека во содржината на оваа вода се наоѓаат 10 390 честички по литар. Најмалиот контаминиран бренд бил San Pellegrino, кој имал 74 честички по литар.

  • Како микропластиката му штети на вашето здравје?

Овие парчиња пластика се толку мали што не можете да ги видите под микроскоп. Истражувачите користеле боја што се врзува на пластичната маса и инфрацрвена светлост, за честичките да станат видливи под микроскоп. Но, само затоа што не можете да ги видите, тоа не значи дека не можат да ви наштетат. Туку напротив. Некои честички можат да завршат на ѕидовите на вашите црева, додека други можат да завршат во цревното ткиво, од каде минуваат низ вашиот лимфен систем.

Помалите честички, со големина од околу 20 микрони, влегуваат во крвотокот пред да бидат сместени во црниот дроб и бубрезите. Честичките кои се со големина на 110 микрони можат да навлезат во црниот дроб, односно вената што е одговорна за транспортот на крвта во вашите црева, панкреасот и жолчниот меур.

Микропластиката настанува со распад на пластичниот отпад што се наоѓа во океанот. Не е сосема јасно како пластичните честички влегуваат во водата во шише, но експерите сметаат дека тие доаѓаат од изворот на водата, сончевиот зрак, процесот на производство и полнење, но и од пластичните стругања за време на отворањето на шишето.

Пластиката има век на траење од стотина години додека не почне да се разградува. Никогаш во целост не се разградува. Сложеноста на проблемот е во нејзината тенденција да се однесува како сунѓер, да апсорбира и ослободува хемикалии кои можат да им наштетат на луѓето и животните.

  • Која вода да ја пиете

Во моментов нема дозволени ограничувања за микропластиката во шишињата за вода во САД, Канада и Европа. Светската здравствена организација како одговор на оваа студија покренала преглед на ризиците од пластиката во плитката вода. Групата планира да ги проучи краткорочните и долгорочните ризици од водата за консумирање која содржи микропластика, врз човечкото здравје и да одреди кои се нивоата кои можат да се сметаат за опасни.

Веќе сега 150 милиони тони отпад ги загадуваат светските океани. Експертите велат дека во следните 30 години нашите океани содржат повеќе пластика отколку риба. Пластиката во некои подрачја веќе го надминува планктонот за дури 6 пати.

Ако сте загрижени поради пластиката во водата, тоа е оправдано. Размислете за прекин на консумирање вода во шишиња и вложете во реномиран систем на филтрирање на водата во вашиот дом. Можете да ставите вода во сопствено шише од безбеден материјал за пиење. Исто така, добра идеја е да ја намалите својата употреба на пластика во целост, било тоа да значи исфрлање на сламките од употреба, потоа вреќичките за повторна употреба и други пластични предмети поврзани со исхраната.