На 18 март, претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава на Република Македонија поради епидемијата на Ковид-19. Тој досега два пати ја продолжуваше и тоа на 16 април за 30 дена, а во средината на мај за уште 14 дена. Пендаровски одлучи повторно да ја продолжи вонредната состојба во државата поради зголемениот број на заразени и починати од вирусот, но и откако за тоа беше дикутирано на состанокот на Советот за безбедност.
Во текот на изминатото деноноќие беа потврдени нови 35 заболени од коронавирусот, но и 5 починати, што покажува дека епидемијата во Македонија не стивнува.
– Имајќи го предвид последниот развој на случувањата и зголемениот број заразени и починати сограѓани, донесувам одлука за продолжување на вонредната состојба за уште 14 дена, изјави Пендаровски на прес-конференцијата пред претседателската резиденција „Вила Водно“. Тој посочи и дека неговата одлука нема никаква корелација со датумот на парламентарните избори.
Вкупниот број на граѓани кај кои е дијагностицирана заразата од почетокот на пандемијата, се искачи на 2146, а бројот на починати на 131. Оздравени пациенти има 1535, што значи дека бројот на активни случаи изнесува 498.