По низа скандали што го тресат министерството за здравство излезе на виделина уште еден, а тоа е дека возилата на Итна помош во Прилеп немаат зимска опрема. Пред само неколку дена се преврте возило со медицински персонал и пациент.
Имено станува збор за возило „Dacia“ со регистарски таблички „PP 1825 AB“. Поточно на 3 јануари 2019 година, четврток возилото се преврте на Плетвар кај Каменоломот. По оваа случка ништо министерството за здравство ништо не презема ниту апелира за набавка на зимска опрема за возилата на Итна помош во Прилеп.
Бидејќи сега за сега имаме информации дека зимска опрема за возилата во Прилеп нема, можеби не се исклучува и веројатноста дека и по други градови возилата за Итна помош не се соодветно опремени за овие зимски услови. Надлежните без одвовор.
Гумите по оваа случка не се заменети на ниту едно возило за Итна помош во Прилеп до ден денеска, дури се вложуваат напори и сили овој случај да се заташка да не излезе на виделина пред јавноста.
-Возачите на овие возила се плашат дури и одбиваат да ги извршуваат своите работни обврски бидејќи така со несоодветна опрема за возила на ризик се изложува неговиот живот, животите на медицинскиот персонал и на пациентите, сведочат упатените.
Додека сето ова се случува во 21 век во Прилеп, директорката Оливера Агиоска за празниците постапи според обичаите, набави богата гозба и вино, но зимска опрема за возилата според нејзе не е приоритет може да почека. Сепак според нејзе и според министерството за здравство пациентите не се приоритет. Тие можат да почекаат но обичаите и тендерите во 4 очи не можат.