Старица на 92-годишна возраст ја загуби битката за живот во Србија, како последица од коронавирусот. Таа била на болничко лекување, а нејзината смрт ја потврдил и министерот за здравство утрово.
Во моментов во Србија заболени се 188 лица, од кои 91 се наоѓаат на болничко лекување, а 14 се приклучени на респиратори.