Заинтересираноста на скопјани за заштита против сезонски грип се повеќе се зголемува, веќе е при крај и втората пратка од набавените 1.500 вакцини, кои се наплатуваат по 650 денари. Првата пратка од 4.000 дози беше потрошена за само 3-4 дена уште во почетокот на месецов.
Едвај 400 дози останаа од втората пратка што почнавме да ја трошиме во понеделникот. Освен постарите, се имунизираат и помлади лица на околу 30-годишнма возраст, но и деца со хронични белодробни заболувања. А, од бесплатните вакцини за пензионери има доволно и нив ги даваме со закажување на „Мој термин“, објаснува д-р Биљана Даниловска, раководителка на одделението за епидемиологија во Центарот за јавно здравје.
Скопскиот Центар за јавно здравје не располага со пнеумовакс – вакцина која заштитува од белодробни заболувања, бидејќи никој од добавувачите не се јавил на огласот за јавна набавка.