Британските експерти потсетуваат дека ако реагираме на симптомите на настинка и грип веднаш штом се појават, тие можеби нема да ги достигнат нашите синуси, објави „Мирор“.
Професорот Рон Еклес од универзитетот Кардиф препорачува луѓето да го започнат денот со топол туш затоа што пареата ги ослободува секретите во носот и помага во чистење на синусите.
Топлата вода исто така ја ублажува болката во мускулите. Потоа, добро е да се појадува храна која е богата со витамин Ц – портокали, киви или бобинки во овесна каша.
За жал, кафе не се препорачува за настинка. Според нутриционистот Аманда Урсел, кофеинот дополнително го дехидрира организмот.
Сокот од портокал е посоодветен за настинки. Инхалаторите со сол се исто така корисни – тие го олеснуваат кашлањето и кивање. Лекарите препорачуваат домот каде што има болен да биде умерено топол и често да се проветрува.
Ако носот е студен, имунолошкиот систем не работи добро и лицето е повеќе подложно на инфекција. Престојот дома исто така го ограничува ширењето на инфекцијата. Ако треба да излезете, носете шал пред носот за да го загреете. Доколку е потребно, користете навлажнувачки спреј за нос , советуваат лекарите.
Сите ние мислиме на супа кога ќе ни стане студено. Оваа традиција не е само супата на баба, со која не лечела. Супата не е само топла и хранлива. Таа го збогатува тонусот”, истакнува др. Адам Фрош.
Тој, исто така, препорачува многу течност против сувоста на грлото кога паѓаат температурите. Алкохолот ја дехидрира уште повеќе, па затоа е добро да се избегне некое време.
Аманда Урсел пак препорачува ореви, бидејќи содржат селен, што го зајакнува имунолошкиот систем.
Во вечерните часови, добро е човек да јаде кари или друга храна која го топли организмот. Острите зачини ја иритираат слузницата на носот и го олеснуваат чистењето. На тој начин веднаш ќе се чувствувате подобро.