За Караџовски граѓаните се виновни за вториот бран на коронавирусот

За Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести, за вториот бран на заразени кој ни се случува во моментов криви се граѓаните и непочитувањето на мерките. Според него, надлежните немаат…

За Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести, за вториот бран на заразени кој ни се случува во моментов криви се граѓаните и непочитувањето на мерките.

Според него, надлежните немаат одговорност, комисијата само дава препораки, а кризниот штаб ги носи одлуките, но граѓаните биле тие кои не ги почитувале мерките.

-Она што се случи после 26 мај, исклучиво согласно епидемиолошките анкети се должи на тотално непочитување на одредени превентивни мерки кои што ги дадовме како препорака, а тоа се носење на заштитана маска, спречување на групирање повеќе од 2 лица што ни се удри како бумеранг заради непочитување на мерките за време  на верскиот празник Рамазан Бајрам и ифтарските вечери што ни се случуваа во тој период, изјави Караџовски.

Тој повтори дека гледано од тој период бројот на заразените почна да се зголемува.

-Вториот бран ни се појави сега и доколку можам епидемиолошки да се изразам, вториот бран од 26 навака може да се направи трансалација дека тој ќе се поклопи со бројот на заболени во април месец,  дојдовме до една состојба кога цела една Европа и околните држави ги опуштаат мерките, го направивме тоа и ние, очекувајќи дека мерките ќе се почитуваат, рече Караџовски


Related Articles