За време на претстојниот карантин текстилните и кожарските фабрики во Штип нема да работат

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денеска Главниот координативен кризен штаб. Одлуката е донесена врз…

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денеска Главниот координативен кризен штаб.

Одлуката е донесена врз основа на барањето на Општина Штип, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

– Главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречувањето на ширењето на Корона вирусот денес го разгледа и го прифати барањето за воведување на забрана за работа доставено од Општина Штип, односно се забранува издавањето на дозволи за работа за време на викенд за фабриките од текстилната и кожарската индустрија во подрачјето на Општина Штип, односно истите да останат затворени, се наведува во извадокот од 67-тиот состанок на Главниот координативен штаб.

Сите останати правни субјекти и економски оператори, маркети и доставувачи на храна на подрачјето на Штип ќе работат согласно претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час.

Од Кабинетот на вице-премиерката задолжена за економски прашања апелираат строго да се почитуваат протоколите за заштита на работниците при транспортот и на работните места.


Related Articles