Здружението „Храбро срце“ продолжува да се бори за ветеното, а тоа е пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце да бидат ослободени од партиципација. Тие преку отворено писмо повторно се обратија до институциите во државата.

Барање за изјаснување по однос на барање за ослободување од партиципација на пациенти со вградена механичка циркулаторна потпора на срце

До:

– Владата на РСМ

– Претседателот на владата на РСМ

– Шеф на кабинетот на владата на РСМ

– Министерство за здравство на РСМ

– Министерот за здравство на РСМ

– Сите медиуми

Предмет:

Барање за изјаснување по однос на ветувањето по однос на барањето со архивски бр. 08-5870/1 од 26.10.2021година за ослободување од партиципација на пациенти со вградена механичка циркулаторна потпора на срце.

Почитувани,

Ви се обраќаме по којзнае кој пат во врска со ветувањето за ослободување од плаќање партиципација на пациентите со вградена механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) за користење здравствени услуги, дадено од страна на владата, претседателот на владата и министерот за здравство во неколку наврати изминатите две години.

– Со оглед на ситуацијата и ценовниот шок кој се случи, а е предизвикан од светската криза, нам, најранливите категории на луѓе ни е сè потешко и потешко економски да го издржиме сето тоа што е потребно за наше одржување во живот и евентуално трајно решавање на нашите здравствени проблеми. Самиот пораст на цените на горивата е енормно зголемен материјален трошок за нас кои претежно сме од внатрешноста на државата, а нашите редовни прегледи сме приморани да ги правиме во главниот град (Скопје) каде што единствено во државава има клиники за наша превенција и лекување. По порастот на трошоците за живот, за нас, пациентите со механичка циркулаторна потпора на срце (пумпа) навистина ќе ни биде добредојдена“, посочуваат од здружението.