Eкспертите предупредуваат дека е штетно за нашето здравје доколку редовно го чуваме млекото во преградите на вратата од фрижидерот, што многумина по навика и го прават.
Образложението е едноставно. Температурата не е еднаква во секој дел од фрижидерот, а кај вратата таа е најпроменлива, што доведува до побрзо расипување на млечните производи.
Препораката е – млекото да стои на средишните полици од фрижидерот.
Што се однесува, пак, до распоредот на другите намирници, во фиоките најдолу се чува водата, овошје, зеленчук и свежи зачински билки. Првата полица е наменета за свежо месо и риба (во фолија, секако), втората за млечните производи и јајцата, а над нив стои готовата храна.
Вратата од фрижидерот служи за конзервираните производи.