Добриот и мирен сон е многу важен за менталното здравје. Но, поради стресното секојдневие многумина имаат потешкотии во спиењето, поради што им е потребна помош, пишува Healthtipsworld.
Зошто тука се добри бананата и циметот?
Бананата е висококвалитетна против несоница и богата е со аминокиселини кои го подигнуваат нивото на серотонин, кој ја помага регулацијата на сонот.
Го поправа расположението и апетитот. Богата е со калиум, железо, калциум, минерали кои помагаат кај спиењето.
Циметот е богат со есенцијални масла како еугенол, фенилпропаноид кој е одговорен за неговиот слаткаст вкус.
Ова е совршена состојка која ги поправа циркулацијата и варењето пред спиење.
Состојки: 1 банана, половина лажичка цимет, литар вода
Начин на подготовка:
Зовријте ја водата, исечете ја бананата и додајте ја во водата. Гответе 10 минути, процедете во шолја и додајте цимет.
Уживајте во пријатниот сон.