Ако минатата година имало 35 починати на 1000 живородени, оваа година до 15 ноември евидентирани се 25 починати на 1000 живородени на Клиниката за Гинекологија и акушерство. 69 помалку  смртни случаи оваа години во однос на минатата или за 10 % помалку од пред  две години. Највисока била стапката на смртност во 2016-та година со 25%, во 2017-та -21% и оваа година 16%. Намален е бројот и на предвременородени.  Но, кои се најчестите причини за предвремено раѓање на децата.

„Секако инфекциите кај мајката, за време на бременоста имаме за жал не редовно контролирана бременост, аномалиите на матката и многу честа причина е ин витро оплодувањето со повеќе плодови, не може да го издржи товарот мајката“, изјави Викторија Ивановска – директор на ГАК.

Началничката на интензивното одделение д -р Елизабета Петковска вели дека имаат услови за згружување, освен кога ќе се надмине капациетот од 25 новороденчиња. Но, има дел кој функционира  како специјална нега се додека новороденчињата не постигнат одредена возраст за да бидат пуштени дома. Годишно се згрижуваат од 650-750 предвремено родени бебиња.

„Тука е тој апел до другите клинички болници кои се на второ ниво, да се вклучат  и таму да бидат дечињата згрижувани откако ќе помине оној критичен период“, изјави д-р Елизабета Петковска – началник на интензивно одделение.

По мотото да соработуваме –партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња на Светскиот ден на предвремено родени деца беше потпишан меморандум за соработка помеѓу ГАК и Организацијата Лулка. Целта е подобрување на комуникацијата помеѓу родителите, персоналот, подобрувањее на негата и поддршката, едукација за доењето и подобрување на комуникацијата со семјствата кои имаат предвреме родено бебе или кои за жал го загубиле бебето.