Двајца пациенти пред неколку дена биле успешно оперирани од тешка болест на аортата, на Клиниката за кардиохирургија, со метод кој првпат се изведува во Македонија.

Конечно и кај нас да почне да се прави нешто по тоа прашање, воведување на нови техники, нови методи и хируршки зафати кај нас по болниците наместо надвор во странство. Но и покрај тоа не би рекол дека тоа е голем напредок, бидејќи ваквите напредоци и исчекорувања напред со претходната власт се случуваа многу почесто и многу повеќе, ова е само една ваква ситуација, колку да се каже дека еве и ние нешто работиме, да се замачкаат очите на јавноста додека се прават следните препакувања на лекови со поминат рок и несоодветно се третирани пациенти.

Една ластовичка пролет не прави, знае Филипче, ама колку да се сврти вниманието на друга страна, ќе се дозволи нешто и да се направи, за колку да се каже еве работиме.

Од друга страна пак се наметнува прашањето, колку време ќе им биде потребно на овие доктори да ја совладаат оваа техника да може поголем број на пациенти да имаат корист, како и со која експертиза и знаење се докторите кои во моментот го направиле овој метод, оваа техника, дали нивниот степен на знаење е доволен за да може да продолжат и ова да го прават постојано да бидат од корист на македонските пациенти?

Интервенцијата ја извеле д-р Петар Ристески, кардиохирург и консултант од Универзитетската клиника во Франкфурт, лидер на тимот, проф. д-р Сашко Јовев, директор на Клиниката за кардиохирургија, д-р Жан Зимбаков, директор на Клиниката за кардиологија и д-р Сузана Дамеска, кардиоанестезиолог.

„Ова оперативно лекување првпат станува достапно во државата. Двајцата пациенти имаа тешка и многу опсежна патологија на аортата. Пациентите се оперирани со отворена метода која во еден акт комбинира оперативно и интервентно лекување на аортната болест, при што се решава целосно проблемот само со еден оперативен зафат“.

Да се надеваме дека му дошол паметот на Филипче и дека вакви испади ќе се случуваат за доброто на македонските пациенти, како и тоа дека ова можеби нема да направи да исчезне хаосот во здравствениот систем во Македонија, ама дека барем некој од докторите кои ја извеле оваа постапка ќе има во себе повеќе доблест и душа од министерот за здравство и дека оваа постапка ќе се потрудат да ја изведуваат редовно и со тоа ќе бидат на услуга на македонските пациенти во корист на нивното здравје и во иднина.

Македонските пациенти и јавноста се надеваат дека не е ова само еднаш, колку за пример, искрено се надеваат дека ќе продолжи ова и во иднина, но земајќи ги во предвид минатото и на владата и на министерот за здравство, не е верно. Но, знаете како велат, надежта последна умира! Да се надеваме дека набрзо ќе има смена и промена и на власта и на министерот за да може пациентите да видат подобра нега, грижа и подобро здравство, за сите во Македонија!