Министерство за труд и социјална политика – МТСП ја задолжило директорката на градинката „Детска радост“ во Гевгелија веднаш да се утврди фактичката состојба, откако на социјалните мрежи девојка објави видео на кое се слушала како дете плаче, а некој му вика. Таа напиша дека детето плачело два часа, а вработена во градинката му се обраќала со погрдни зборови, како: „кучко една“, „краво“.

Си играт власт, сакаат да управуват со цела држава тие не можат под контрола да држат една гранка од тоа што го раководи нивната институција, така и со царицата, наместо веднаш на терен да се испита, да се види дали е вистина, што се случило, да се спроведат санкции, да се воспостави ред, царицата лабаво ја остава обврската на директорката на градинката, министерката е на одмор, лето е. Освен тоа не плачеле пуно деца, само едно било.

Да се работи за тендер или спроведување на партиски наредби нозе ќе се искршат ама ова е само ситуација каде треба да се штити граѓанинот, неговите деца, неговите услови за нормално функционирање, тоа според учебник најверојатно не е под МТСП или ако е никој не и кажал на министерката.

А ако убаво се разгледа случајот, па владеачката гарнитура сега прими голема бројка на народ по градинките како негователки, од редовите на нивните партиски војници.

Во тој случај од кого што да се очекува кога и тие којзнае со какво школо влегле едвај на работа во градинката, па сега уште да внимаваат, згора на се не веруваме ние граѓаните на Гевгелија дека имало кој да и каже како треба да се однесува на работа и трето кој треба да ја кара и санкционира, тој што и ја дал работата, така не иде, барем не во СДС и со оваа влада.

Затоа ваква е состојбата и во здравството и во социјалата и во сите аспекти на човековото живеење, затоа што министрите освен за тендер за друго не креват телефон, не да станат од место. Само граѓаните на Гевгелија, порачуваат, народот трпи, народот памти и кога ќе дојде време и народот ќе врати!