Bright Side направи список на најдобри домашни пијалаци кои ќе ви помогнат да станете поздрави и потенки, и да бидете полни со енергија.

Ова се основни рецепти, но можете да ги прилагодите на вашиот вкус: да додадете малку мед, да користете повеќе здрави состојки, вода наместо сода, и тн.

Тие и понатаму ќе бидат неверојатно вкусни!

Пијалак од краставица за губење маснотии 

Состојки

  • 1 краставица
  • 1 снопче магдонос
  • 1 лимон
  • 1 лажица рендан ѓумбир
  • 1 лажица алое вера сок
  • ½ чаша вода

Како да го направите

Сите состојки се мешаат во блендер. Пијте пред да си легнете. Сокот пијте го 1 месец, а потоа направете пауза од 1 недела. По потреба продолжете го циклусот.

Свеж пијалак од краставица и лимета

Состојки

  • 1 лимета
  • 2 краставици
  • 1 голем портокал
  • мед според вкус
  • нане според вкус
  • 1 литар кисела вода

Како да го направите

Ставете една краставица во блендерот, а другата исечете ја во кругови. Исцедете го сокот од портокалот и лиметата. Краставиците, сокот и медот ставете ги во голем сад и измешајте ги заедно. Додадете ја водата и украсете со свежи лисја нане.

Сок од круша и жалфија

Состојки

  • 10 листови жалфија
  • 1 лимета
  • 250ml свеж сок од круша
  • 250ml газирана вода
  • 1 круша на парчиња
  • Мраз

Како да го направите

Исечкајте ја лиметата и крушата на коцки, и ставете ги во блендер. Додадете го пирето од листовите на жалфија. Здробениот мраз додадете го во сокот од крушата и газираната вода, и промешајте ја вашата пијачка.

Пијалак од грејпфрут и цимет

Состојки

  • 500 мл сок од грејпфрут (свеж или пакуван)
  • 500 мл кисела вода
  • 1 чаша вода
  • 2 стапчиња цимет
  • 1 семе од анасон
  • лисја од нане
  • мраз
  • малку шеќер

Како да го направите

Направете сируп од цимет, мед и вода на загреана тава додека медот не стане течен (да не оставите да зоврие). Оставете да се олади. Измешајте ги сокот, сирупот и киселата вода, додадете мраз и украсете го со нане и анасон.

Енергетски пијалак од лимон

Состојки

  • 5-6 лимони
  • 1 литар газирана вода
  • Нане
  • Мраз

Како да го направите

Исцедете сок од четири лимони. Последниот лимон исечете го на кругови. Сокот и газираната вода ставете ги во сад. Послужете ја лимонадата со мраз и нане.

Зачинет индијански пијалак 

Состојки

  • 4 лимети
  • ѓумбир по вкус
  • листови нане
  • 1 литар газирана вода
  • ½ чаша обична вода
  • кафеав шеќер
  • мраз

Како да го направите

Исцедете го сокот од лиметите. Шеќерот и 1/2 чаша вода ставете ги во тава и згревајте толку додека не добиете сируп. Во сирупот додадете го ренданиот ѓумбир. Кога ќе почне да врие, исклучете го шпоретот. Изладете го сирупот. Додадете го сокот од лиметите, газираната вода и мразот. Пијалакот украсете го со нане и парчиња лимети.

Јаболков оцет

Состојки

  • 1 литар сок од јаболка (свеж или пакуван)
  • нане
  • 100 мл сок од лимон
  • 1 лимон
  • мраз

Како да го направите

Исечете го лимонот на кругови. Измешајте ги соковите од јаболката и лимонот во сад. Додадете ги парчињата од лимон, нане и мраз. Пијалокот можете да го послужите со парчиња јаболка.

Пијалак од зеленчук

Состојки

  • 1 литар газирана вода
  • 3 краставици
  • 1 голема инкаста пиперка
  • 1 лимета
  • 3 лимони
  • листови од нане или естрагон
  • мраз
  • кафеав шеќер

Како да го направите

Исечкајте ја пиперката и двете краставици и посипете ги со шеќер еден час пред варење. Последната краставица и еден лимон исечете посебно. Изрендајте ја кората од лиметата и исцедете го сокот. Потоа и двата лимони.

Ставете го нането (или естрагонот) во длабок сад (бокал). Додадете ги кората од лимонот и парчињата лимон, краставицита и пиперката додека сè уште се влажни. Додадете го сокот од лиметата, лимонот, киселата вода и парчињата мраз. Гарнирајте ги чашите за пијалок со парчиња лимон и краставица.

Пијалак од ананас

Состојки

  • 1 литар кисела вода
  • 1 лимон
  • 1 конзерва ананас во свој сок
  • нане

Како да го направите

Ставете ја водата во тава до вриење. Исцедете го сокот од лимонот. Додадете го шеќерот во водата додека не се стопи целосно. Потоа додадете ја кората од лимонот и тргнете ја тавата од оган. Исцедете го сирупот во висок сад преку сито. Додадете ги соковите од лимон и ананас.

Исечкајте го ананасот и додајте го во пијалокот. Оставете да се излади на собна температура и ставете го во фрижидер. Сервирајте го со парчиња свеж ананас.

Пијалак од јагоди со свежи билки

Состојки

  • ½ лимон
  • ½ лимета
  • нане и естрагон
  • јагоди
  • 1 литар газирана вода
  • 100ml обична вода
  • мраз

Како да го направите

Сокот од лиметата и лимонот ставете ги во стаклен сад и додадете ја кората. Исечкајте ги јагодите на половина. Додадете ги јагодите и билките. Попарете со врела вода и оставете овошјето и билките да отстојат некое време за да добијат вкус и арома. Извадете ги корите и оставете го пијалокот да се олади. Додадете кисела вода и мраз, а садот украсете го со кругови од лиметата.