Во Македонија во тек е вакциналниот процес на целото население кој се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Заклучно со вчерашниот ден, вкупно 224 336 граѓани се вакцинирале.
Прва доза вакцина вчера примиле 2.958 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.940 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 42.831 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Во моментов се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата вакцинација.мк, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Процесот на масовно вакцинирање на населението се одвива во неколку регионални пунктови низ државата и тоа: Скопје, Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Досега на платформата вакцинација.мк интерес за вакцина изразиле вкупно 422 503 граѓани.