Освен конкурсот распишан деновиве од Здравствен дом Скопје, неодамна имаше конкурси и на клиниките во кампусот Мајка Тереза. Познати се избраните кандидати за Клиниката за стоматологија. Примени се седум лица меѓу кои евидентно е дека изборот паднал и по партиска припадност. Имено едната, Стефана Чакар е роднина на државниот секретар Владимир Милошев. Примена е и Елена Радевска активна во Социјалдемократскиот сојуз што може да се види и од нејзиниот Фејсбук профил.

Инаку примени се Стефана Чакар, Ана Гиговска, Валдет Исеини, Петар Јанкуловски, Елена Радевска, Ставре Трајчулевски, Буњамин Џафери, Арбер Џељадини.

Освен Елена Радеска, ниту нејзините колеги и колешки не заостануваат со партиските активности и приватни ординации. Колешката Ана Гиговска веќе има сопствена приватна стоматолошка ординација ама тоа не е проблем за да биде примена на стоматологија, под државна капа, додека пак нејзиниот колега Ставре Трајчулески е доста близок според активностите на социјалните мрежи со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Што пак го потегнува прашањето, кој се вработува и дали е сето тоа партиски?