Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера беа во посета на Клиника за неврологија каде што промовираа нов Криостат-фрижидер од 16.000 евра и стол за пациенти дониран од фармацевтска компанија. Фриждерот и столот се само новини во одделот на Клиниката за неврологија.
-Отсекот на хистопатолошка дијагностика пак не е нов и функционираше до пред 7 години и не се знае дали воопшто и кога ке започне со работа пред се заради недостаток на едуциран кадар на клиниката, велат упатени.
Тие укажуваат и дека промовираната дијагностика на Цереброспинален ликвор и ологоклонални траки е во функција 15 години на клиниката и осовремена од пред 4 години со 2 нови апарати, а не сега.
Практично Клиниката за неврологија е реновирана и осовремена пред 3 години, а не сега, и тоа со донација од амбасадата на Америка во вредност од 500 илјади долари. Воедно, велат упатените, тогаш беа набавени повеќето апарати и воведени нови методи како Компјутеризиран томограф 320 илјади евра транскранијален и конвенционален Доплер 60 илјади евра, Видео ЕЕГ 35 илјади евра, апарат за Плазмафереза, апарат за ЕМГ дијагностика и повеќето апарати во биохемиската и имунолошката лабораторија.
Значи во последнава година ипол набавени се само криостат-фрижидер и дониран стол.