Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Овој викенд, поточно претходната вечер во текот на ноќта во 2 часот, односно помеѓу 29-ти и 30-ти март започна летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот требаше да ги поместите за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.