Истражувачите од Универзитетот Мекмастер во Канада ги анализираа менијата и навиките за исхрана на повеќе од 135.000 луѓе во 18 земји од светот.
Истражувањето ја потврдува познатата теза, дека умереноста е добра за вашето срце и долг живот, особено кога е во прашање консумација на јаглехидрати и масти, затоа што не треба да претерувате со прекумерна консумација на било кој од двата нутритиенти.
Потребната количина на јаглехидрати и масти е 46 до 77 проценти од вкупниот внес на калории на дневно ниво.
Што поголем процент внесувате, толку се поголеми шансите за инфаркт и мозочен удар.
50 % од вкупните калории на ден треба да се од овошје, зеленчук, житарици и `ржен леб.
Сепак, вистинското изненадување од студијата е поврзано со внесот на маснотии. Луѓето кои консумираат 35% масти, имаат помал ризик од смрт од оние кои внесуваат само 10 %. Внесот не треба да биде помал од 7 проценти, затоа што тогаш е штетно за вашето здравје.
Незаситените масти, како што се ореви, семки од сончоглед, ленено семе и риба, се најголема придобивка за вашето здравје, пишува Health24.
Сепак, доколку имате здравствени проблеми, разговарајте со вашиот лекар или нутриционист за тоа кои се идеалните количини на маснотии и шеќер за вашите дневни потреби.