Оваа вежба е строго наменета за рамењата. Меѓутоа клучното нешто во оваа вежба за рамо е што таа влијае врз целото тело, создава стабилност и рамнотежа. Во споредба со седечкото кревање, таа влијае врз долниот дел од грбот и нозете бидејќи бара одржување на поголема стабилност за држење на тежините. Во споредба со еднорачни тегови, со стоечкото кревање можете да кренете многу поголема тежина отколку со бучиците.
Некои луѓе ја избегнуваат оваа вежба заради тоа што става многу напор врз долниот дел од грбот и колената. Тоа е точно, доколку вежбата ја изведувате неправилно, или со далеку поголеми тежини отколку што ви одговара. Или доколку специјализирате во одбегнување вежби за нозе како на пример чучњеви! Подобро е да почнете со помали тежини па од недела во недела да ги зголемувате (како во 5×5) отколку однапред да се откажете. И најважно, во споредба со седечките вежби или со еднорачните тегови, оваа вежба предизвикува далеку поголем одзив на хормонот за раст и тестостерон.