Анасонот со векови бил користен за проблемите со дигестивниот систем, ги олеснува надуеноста, грчевите во стомакот а се смета дека може да ги ублажи и менструалните болки.

Анасонот исто така го зголемува излачувањето на сокови во цревата и со тоа ја поттикнува работата на дигестивниот систем. Го олеснува искашлувањето и често се користи за лекување на бронхитис и астма.

Семињата од анасон во народната медицина со векови се користат за олеснување на породувањето, поттикнување на создавање на мајчино млеко и за регулирање на менструацијата.

За подобрување на вкусот, анасонот се додава во пастите за заби и течностите за испирање на усната шуплина, а од него се произведуваат алкохолни пијалаци како што е грчкото узо и францускиот пернод.

Исто така, често се користи за зачинување на леб, колачи и разни десерти, а етеричното масло од анис има антибактериски, антифунгални и инсектицидни својства. Во надворешната употреба се користи за лекување на разни кожни проблеми.

Чај против кашлица и дигестивни тегоби

Во шолја зовриена вода додадете една лажичка здробени семки од анис (за деца само половина лажичка). Прекријте и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Доколку го консумирате како лек за болести на дишните органи, додадете мед. Чајот се пие два до три пати на ден, по оброк.

Мешавина за испирање на грло

Потребни ви се 30 гр. семе од анасон, 40 гр. листови од жалфија и 30 гр. нане. Помешајте ги состојките и ставете ги во тегла. Доколку припремате чај, прелијте две до три лажички од мешавината со врела вода, оставете да отстои 10 минути и процедете. Испирајте ја устата или направете гаргара неколку пати на ден доколку имате проблеми со крајниците.