Медот е единствен производ од природата кој е во идеален баланс на лековити состојки, здрави јаглехидрати и вредни хемиски соединенија кои не можат фармацевтски да се произвеат.
Неговите дејства се антиоксидативни, антивоспалителни, антибактериски и исцелувачки. За жал, постојат луѓе кои се алергични на овој производ и неговите бенефити ги добиваат со помош на алтернативи.
Медот нема рок на траење, но важно е да го чувате на ладно и темно место за да не ги изгуби лековитите својства. Сосема е нормално по извесно време да кристализира, тоа значи дека се работи за природен мед. Ако сакате да го стопите, направете го тоа на температура од најмногу 40 степени, бидејќи над таа се губат хранливите состојки.
Препорачаната дневна доза е еден грам на еден килограм тежина, што во суштина се две до три лажички мед секој ден. Медот најдобро се апсорбира ако прво го растопиме во устата или пак го раствориме во млак чај.