Еден Ангионграф е доволен за цел град Охрид, тоа е проценката на власта. Охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања кој е регионален центар и понатаму продолжува да работи само со еден ангиограф, апарат кој се користи при акутен инфаркт и за стентирање на пациенти.

Лекарите велат дека центарот мора да добие уште еден ваков апарат, затоа што дефектите на единствениот кој е стар десет години зачестија. За една година овој важен апарат за функционирањето на болницата двапати се расипуваше, па пациентите или чекаа за да истиот се поправи или пак, итните случаи се препраќаа на клиниката за кардиологија во Скопје. Последeн пат истиот не работеше цели два месеци.

„Потребата од континуитет од давање на здравствени услуги посебно во делот на решавање на акутни и живото загрозувачки состојби како што е миокардниот инфаркт не дозволува прекин во работата. Се покажа дека  тие прекини сиве овие години и тоа како се одразуваат на можностите и на исходите на пациентите кои треба да бидат третирани со закаснат третман“, рече Никола Бакрачески.

Годишно овде се изведуваат повеќе од 2000 такви интервенции. Бакрачески се надева  дека центарот набргу ќе биде префрлен во реконструираниот објект во кругот на болницата за ортопедија и трауматологија. Министерот за здравство Венко Филипче ветува дека проблемот ќе биде решен и оти сите активности на тој објект биле во завршна фаза.

Ветувањата на министерот се постојани, во последниот период не видовме како граѓани и пациенти едно остварување, а нивниот наратив како на министерот Филипче така и на целата власт е со предгласката ЌЕ или ВЕТУВАМЕ, без рокови на реализација и до недоглед. Тоа на македонските пациенти не им е потребно, со тоа нема да си го спасат или подобрат здравјето, за тоа е потребна конкретна реакција и реализација. – посочуваат пациентите

„Таму се предвидени две ангиографски сали, комплетно нови и модерни. Укажаа на потребите колегите од кардиолошкиот завод да останат и во сегашната инфраструктура, која е поволна за рехабилитација. Не можеме да ги предвидиме дефектите на апаратите и затоа многу  брзо интервениравме да се санираат истите. – рече министерот Филипче.

Но, колку навистина брзо се реагира и се санираат апаратите само пациентите знаат. Прашањето е што да прават тие пациенти на кои им е потребен овој ангиограф а кој во моментот не можат да го обезбедат или да направат лекарски преглед?

Охридскиот центар за кардиоваскуларни заболувања е втор по големина во Македонија, по Клиниката за кардиологија во Скопје и опслужува повеќе од 350 000 граѓани од југозападниот дел на државата.

Дали проблемот лежи во негрижата и неодржувањето на апаратите од страна на раководството, дали министерот е целосно незаинтересиран за одржување на здравствените објекти и болници или министерот Филипче со неговите мерки на пропаѓање на болниците ги турка во бездна за да може полесно потоа да ги отуѓи и да ги направи јавно приватно партнертство?