Две ипол годишното дете од Скопје кое пред два дена почина на Клиниката за детски болести, освен кај матичниот лекар, било лекувано и во Болницата во Козле.

– Инициравме формирање Комисија при Министерството за здравство за испитување на причините за смрт и за овој случај – изјави денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова.

Пред два дена соопштија од Клиниката за детски болести, дека детето починало по белодробна инфекција со пнеумокок, а при приемот имало и тешка клиничка слика на сепса. Претходно, детето било релативно здраво.

Формираната комисија накнадно треба да утврди каде биле направени пропустите во лекувањето.